Трговски дефицит од 1,2 милијарди евра за осум месеци

23

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август оваа година, изнесува 1.275.603.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2019 година, изнесува 4.222.426.000 евра и бележи пораст од 14,1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5.498.029.000 евра, што е за 11,9% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – август 2019 година, изнесува 76,8%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – август 2019 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Фото: Pixabay