Трговски дефицит од 584.031.000 долари за три месеци

30

Трговскиот дефицит, во период од јануари до март оваа година, изнесува 584.031.000 долари, покажуваат претходните податоци на Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-март оваа година изнесува 1.112.587.000 долари, а на увозот 1.696.617.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 65,6%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во првите три месеци од оваа година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28
со 80,1% и земјите од Западен Балкан со 12,4%, а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 со 63,2% и Останати земји, на друго место неспомнати со 11,5%.

Според вкупниот обем на надворешно – трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија, односно 52,1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји.