Трговски дефицит од 805.536.000 долари за четири месеци

17

Трговскиот дефицит во периодот од први април до крајот на април изнесува 805.536.000 долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – април 2014 година изнесува 1.510.588.000 долари, а на увозот 2.316.124.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 65,2%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари-април 2014 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите – членки на ЕУ 28 со 78,7% и земјите од Западен Балкан со 13%, а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 со 63,9% и Останати земји, на друго место неспомнати со 11,1%.

Според вкупниот обем на надворешно – трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија или 52,4% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји.