Трговскиот дефицит за јануари-ноември 2013 година е 2,1 милиони долари

45

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2013 година, изнесува 3.863.059 долари, а на увозот 5.981.590 долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 64,6%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2013 година, изнесува 2.118.531 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари-ноември 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на Европската унија или 72,6% и земјите од Западен Балкан со 17,9%, а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на Европската унија со 62,4% и останати земји, на друго место неспомнати 11,6%. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија, односно 49,9% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји.