
Трговскиот дефицит во Соединетите Американски Држави се намали за 7,3 отсто на 84,3 милијарди долари во август, покажуваат податоците објавени во петокот.
Трговскиот дефицит, разликата меѓу увезените и извезените стоки, се намали за 6,6 милијарди долари од 90,9 милијарди долари во јули, се вели во извештајот на Бирото за попис на Министерството за трговија, јавува Anadolu Agency.
Таа бројка се очекуваше да биде 91,2 милијарди долари.
Извозот на стоки во август изнесува 168,9 милијарди долари, 3,6 милијарди долари повеќе од извозот во претходниот месец, се вели во извештајот.
Минатиот месец, увозот на стоки беше околу 253,1 милијарди долари, 3,1 милијарди долари помалку од увозот во јули.