Трговскиот ланец Walmart виртуелно ќе ги обучува вработените

25

woman-1418844_960_720

Фото: Pixabay

Американскиот трговски ланец Walmart ќе ги обучува своите вработени со помош на виртуелна реалност. Трговскиот ланец склучи договор за соработка со старт – ап компанијата за виртуелна реалност Strivr којашто има искуство во нудењето услуги од оваа област, пишува Business Insider.

Во изминатите неколку месеци Walmart ја вклучи технологијата на Strivr во 31 центар за обука, а до крајот на годината се очекува да биде спроведена во сите 200 центри.

Walmart го отвори својот прв центар за обука минатата година. Секој центар е поврзан со Walmart Supercenter и на вработените им го доловува амбиентот во којшто треба да работат.

Strivr технологијата им овозможува на вработените да ја доживеат реалноста преку користење на Oculus headset и на тој начин ќе се подготват за различни ситуации (гужви за празници, Црн петок…).