Три швајцарски компании доставиле понуди на меѓународниот тендер за изградба на првата фаза од пречистителната станица во Гевгелија, беше соопштено по отворањето на понудите. Сега следува период на евалуација и избор на најповолната понуда.
Во Гевгелија денеска се одржа и средба со претставници од четирите грчки фирми заинтересирани за втората фаза од проектот која ќе опфати изградба на линија за обработка на ситниот песок, како и изградба на административните простории и внатрешните сообраќајници во пречистителната станица.
Изградбата на пречистителната станица крај реката Вардар ќе чини 9,6 милиони евра што ги обезбедуваат владите на Швајцарија, Македонија и Грција. Општина Гевгелија во реализацијата на проектот ќе учествува со обезбедена локација и логистика.
Почетна Новости Македонија Три компании од Швајцарија сакаат да градат пречистителна станица во Гевгелија