Три навики на еден од најголемите гении на сите времиња

458

Дали некогаш сте се запрашале што јадат генијалците за да бидат толку паметни и да измислуваат нешто што ќе го променат светот? Одговорот не лежи во храната, туку во начинот на којшто тие го “тренираат“ својот мозок – еден од најважните органи во човечкото тело што никогаш не спие.

Никола Тесла е еден од најпознатите научници и генијалци во светот, кој не само што има свој придонес во осмислување на концептот за наизменична струја, но неговото име се поврзува и со над 300 патенти. Во текот на својот живот, Тесла постојано работел на различни проекти и често ги реализирал до крај, пишува Lifehacker.

Меѓу навиките што можеби се заслужни за неговата генијалност се:

Добро размислува пред да направи нешто

Тесла често велел дека може да ги замисли постројките и ретко правел нацрти пред почетокот на работата. Овој процес на визуелно размислување не својствен за многу луѓе, но неговата основа лежи во концентрирање на конечниот производ. За креативното размислување неопходно е да се опуштите и да работите на проблемот во својата глава.

Во својата автобиографија, Тесла овој процес го опишува вака: Мојот начин е поинаков, јас не брзам со конкретната работа. Кога ќе добијам идеја, веднаш почнувам со нејзина “изградба“ во моите мисли. Ја менуван конструкцијата, правам поправки и управувам во својата глава. За мене не е важно дали тестирам турбина во главата или во работилница.

Одете во прошетка

Познато е дека одењето во кратка прошетка има свои предности кога е во прашање креативноста. И Тесла го делел истото мислење, а иако неговите прошетки биле дел од неговото опсесивно – компулзивно однесување, тој некои свои “еуреки“ ги имал додека шетал. На една прошетка во 1881 година, кога Тесла се преселил во Будимпешта, закрепнувал од нервниот слом што го имал, во еден момент му дошла идејата за наизменична струја.

Сами наоѓајте решение за проблемите

Како и многу други иноватори и креативци, Тесла бил поборник дека треба да биде целосно сам додека траел процесот на создавање и размислување. “Умот е поостар и посконцентриран во самотија. За размислување не е неопходна било каква голема лабораторија“, сметал Тесла.

Тој им порачувал на луѓето да бидат сами, бидејќи тоа е тајната на иноваторите, да бидат сами, бидејќи тогаш се раѓаат идеите.

Фото: Pixabay