Три отсто од Македонците живеат во екстремна сиромаштија

57

Во Македонија, од 2.077.000 жители, над 56.000 или 3% од вкупното население живее во екстремна сиромаштија, покажуваaт податоците на World Data Lab.

Тоа значи дека во земјава овие луѓе преживуваат со помалку од 1,90 долари дневно, а од нив 27.600 се жени.

Земји со најголем процент на популација која живее во екстремна сиромашнија во 2021 госина се: Јужен Судан (85%), Бурунди (80%), Централна Африканска Република (79%), Мадагаскар (77%) и Конго (75%).

Од земјите во регионот Албанија (0,2%), Босна и Херцеговина (0,1%), Бугарија (1%), Хрватска (0,6%), Грција (0,9%), Црна Гора (1%), Словенија (0,1%).

Во светот живеат околу 721 милиони луѓе во екстремна сиромаштија.