Три показатели дека треба да се откажете од идејата

25

idea

Фото: Pexels

Кога од чекорот наназад можеме да научиме нешто и кога имаме показатели дека е дојдено времето да ја напуштиме идејата комплетно?

Да се донесе одлука да се напушти идејата на којашто сте потрошиле и време и пари, никогаш не е лесна. Меѓутоа, без разлика колку и да изгледа ветувачкиот пазар, првото нешто што треба да го нарпавите е да го тестирате, а тоа е дека е можно да немате потрошувачи. И ако заклучите дека нема да имате клиенти, тогаш тоа е јасен показател дека треба да ја напуштите идејата, без разлика колку брилијантна ви изгледала на почетокот.

Прочитајте како да откриете дали е дојден моментот да се одјавите и да ја напуштите идејата или да продолжите и да дадете сè од себе.

1. Користете го правилото на 70%

Во војска ги учат војниците да соберат доволно податоци за да бидат 70% сигурни во своите одлуки. Идејата е дека во маглата на војната, 100% доверба или нешто блиску до тоа не е возможно. Подобро е да делуваат со 70% доверба, отколку да се чека на неодредено време да се постигне 100% доверба. Затоа ако имате 70% доверба дека треба да продолжите во реализирањето на идејата, тогаш сторете го тоа.

2. Добијте конкретни докази за побарувањата на клиентите

Доколку имате доказ дека клиентот ќе ви плати за извршената услуга или производ, тоа треба да ви биде доволен показател да продолжите понатаму. Меѓутоа, запомнете дека ви се потребни докази дека таргет групата ќе биде заинтересирана за вашиот производ или услуга, дека ќе ја плати цената, дека ќе се обезбеди потрошувачка фреквенција и дека ќе се постигне потребната пенетрација на пазарот за да се постигне одржлива приходна и профитабилна цел.

3. Поставете непристрасен аутсајдер

Како претприемач вашиот мозок е убеден дека не треба да се откажете од идејата. Вие размислувате оптимистички и ќе направите се за да се рализира идејата. Од таа причина не можете да очекувате дека објективно ќе гледате на работите, затоа што вие гледате со жар во очите и верувате дека вашата идеја е најдобра. Од таа причина потребно е да ангажирате природен скептик, што ќе ви истури ладна вода врз глава. Затоа е потребно да ангажирате аутсајдер што ќе ја игра улогата на перфекционист, ќе ви ги отвори очите и ќе ви укаже на пропустите во вашата идеја.