Три животни приказни штотуку станаа посреќни благодарение на Милионер џек пот

29

Бројот на милионери во Македонија се зголеми за тројца, a “виновници“ за тоа се Државна видеолотарија и неодоливиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Неговата мисија да усреќува и да исцртува насмевки, неделава беше остварена во три македонски града: Прилеп, Битола и во Кочани. Тројцата ксметлии поделија повеќе од 4,3 милиони денари, само затоа што се нашле во вистинско време, на вистинското место и се разбира, играле на видеолотариските терминали.

Денот на љубовта и на виното, отсега дефинитивно ќе има и уште едно значење за Јордан Наков од Кочани. Тој е добитникот на највисокиот од трите МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки во износ од 1.596.063 денари! Го освоил во ВЛТ Корнер 17, во кочанското село Грдовци, на 14 февруари. Пресреќен од убавото изненадување, Јордан ни кажа дека уште нема план како ќе ги потроши парите. Сподели дека и претходно се случувало да добива, но далеку пониски суми, а и дека овој МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ е најголемата добивка во неговиот живот.

Преостанатите две добивки МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ заминаа во Прилеп, односно во Битола. Првиот падна на 8 февруари, во Клуб спорт 77 Евротип 125, во Прилеп и изнесува 1.525.656 денари, додека еден ден подоцна среќата ја посети и Битола, за МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ “тежок“ 1.247.611 денари, на ВЛТ терминал во Спорт Лаиф Треид Спортлаиф.

Џек пот добивките ги усреќуваат редовните играчи на Државна Видеолотарија почнувајќи од први јуни 2016 година. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 4.000 до 5.000 денари, додека најпосакуваната, МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.