Трибина за економски развој на Западна Македонија

54

Западна Македонија е регион што е своевидна локомотива за развој на стопанството во Македонија, е главниот заклучок на тркалезната маса посветена на изработка на стратегија за економски развој на Западна Македонија што се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во организација на Стопанската комора на северозападна Македонија.
“Сметаме дека западниот регион е изоставен од определени институционални параметри за негов развој и затоа сакаме да се изработи стратешка програма што подоцна политичките субјкети ќе ја вклучат во нивните програми за да се придонесе за подобро владеење и унапредување на стопанството, како во западниот дел, така и во целата земја”, рече претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи.
Според професорот од УЈИЕ Насир Селими, има простор за подобро искористување на потенцијалот и ресурсите на западна Македонија.
“Човечките ресурси долго време не се искористени правилно, потребно е поголем развој на малото и средното стопанство и унапредување на стратегијата на претпријатијата и компаниите за извоз како основа за развој на економијата”, изјави Селими.
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими потенцираше дека заклучоците од денешната трибина може да придонесат за подобрување на стандардот на граѓаните преку нивно вклучување и подобрување на економските платформи на политичките чинители за следните четири години.
“Подобрување на патната и енергетската инфраструктура преку изградбата на коридорите 8 и 10, како и гасификацијата на државата уште повеќе ќе придонесува кон привлекувањето на можните инверститори кои ќе придонесат за намалување на невработеноста преку отворањена нови работни места. Во овој правец е и нашата заложба за подигање на квалитетот на образованието со што ќе се добијат млади кадри конкурентни на пазарот на трудот не само во земјата туку и пошироко”, изјави Бесими.