Трибина за работничките права во Македонија

20

Правниот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип денеска организира трибина “Синдикатите и нивната улога како заштитник на работничките права“.

Ќе се дискутира за улогата на економско-социјалните совети во заштитата на работничките права, колективното преговарање и штрајкот како форма и метод на синдикално дејствување, концептот на одбележување на 1 Мај и работничките права во Македонија.

На трибината ќе учествуваат претседателот на ССМ Живко Митревски, генералниот секретар на Конфедерацијата на слободните синдикати Љубе Стојковски, професори и експерти.