Трибина: Значењето на авторството и иноваторството за поттикнување на економскиот развој

27

Во организација на Здружението на граѓани Еснафи, во просториите на Правниот факултет Јустинијан Први–Скопје, денес ќе се одржи трибина на тема Значењето на авторството и иноваторството во насока на поттикнување на економскиот развој на Република Македонија.

На трибината ќе се разменуваат стручни мислења поврзани со можностите за унапредување на искористувањето на правата на интелектуална сопственост со цела да се зголеми конкурентноста на македонското стопанство.

Претседателот на ЗГ Еснафи Љубомир Ракиџиев,  и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет ќе се обратат на форумот, а доц. д-р Неда Здравева од Правниот факултет Јустинијан Први ќе има излагање за значењето на правата на интелектуална сопственост за развојот на економијата

Оваа трибината е поддржана од ЗГ СПАТУМ, Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Државниот завод за индустриска сопственост, Центарот за образование за интелектуална сопственост при Правниот факултет Јустинијан Први–Скопје, Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, како и Националниот совет за претприемништво и конкурентност.