Tridika – самовозечко маглев возило што се претвора во дневна соба

23

Ipad-Tridika-4-1024x876

Чарлс Бомбардиер, механички инженер од Канада, заедно со дизајнерот на возила Ашиш Тулкар го креираа Tridika, маглев возило што се трансформира како преносна дневна соба, пишува Wired.

Ова е најнов изум на Бомбардиер за којшто инспирација му бил лифтот Thyssenkrupp во стилот на Вили Вонка. Концептот се состои од самовозечко возило коешто се движи со помош на магнетна левитација, а кога нема да го носи својот сопственик наоколу, ќе биде паркирано до домот и ќе може да се користи како екстра соба.tridika

Со ова тој планира да го зголеми и така ограничениот простор за живеење во урбаните градови, истовремено решавајќи го проблемот со паркирање.

Возилото го подигнуваат и движат магнетни лифтови, а истото се снабдува со електрична енергија од самите шини и ве носи каде ќе му кажете. Може истовремено да пренесува шест патници. Tridika ќе се поврзе со надворешниот ѕид од зградата преку рампа и ќе се паркира пред вашиот дом, а за да се отвори вратата потребен е само шифриран потпис од смартфон.