Триглав може да биде казнет поради објавување доверливи информации

19

matjaz rakovecПретседателот на управата на Заваровалница Триглав, Матјаж Раковец, поради откривање доверливи податоци би можел да се најде на удар на Агенцијата за надзор на пазарот на хартии од вредност (АТВП), пишува словенечки Дневник.

Тој во интервју за хрватски Јутарњи лист најави дека оваа година планира да предложи исплата на рекордна дивиденда од 22,7 милиони евра (едно евро бруто по акција).

Раковец во интервјуто објавил чувствителни информации кои би можеле да влијаат врз цената на акциите, кои претходно не беа јавно објавени. Со таквата објава е нарушена рамноправноста меѓу инвеститорите при информирање за чувствителни информации, со што Триглав го прекрши законот за пазар на финансиски инструменти.

“Предлогот за исплата на дивиденда не претставува целосна информација, затоа што за висината треба да одлучи собранието кое може предлогот да го одбие, да го прифати или измени”, велат од Триглав.

Во случај на откривање доверливи информации казната за одговорното лице изнесува меѓу 800 и 10.000 евра, а за издавачот на хартиите од вредност меѓу 25.000 и 500.000 евра. Во случај на потежок прекршок, Агенцијата може да одреди поголема казна, до 30.000 за одговорното лице и до 1,5 милиони евра за издавачот на хартиите од вредност.