Триглав Живот е верен партнер на сите генерации

32

По повод одбележувањето на три децении од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Словенија, Амбасадата на Словенија предводена од Амбасадорот Н.Е. Милан Предан, организираше традиционален словенечко-македонски појадок, кој настанот беше поддржан и од Триглав Oсигурување Живот, а беа доделени пригодни подароци за најдобрите ученици од ОУ “Крсте Петков Мисирков”.

Ни претставува особена чест што сме дел од овој настан во организација на Словенечката Амбасада на кој уште еднаш ја потврдивме нашата определба да дадеме поддршка на проекти поврзани со најмладите и зголемување на свесноста за нивното здравје и воопшто за здрав начин на живот кај најмладата генерација. Со овој скромен гест сакаме да порачаме дека Триглав Живот е верен партнер на сите генерации -изјави Вилма Учета Дузлевска, Генерална Директорка на Триглав осигурување Живот ад Скопје.