Трик тест за проверка на видот

280

reklama

Многумина знаат што да очекуваат кога одат на проверка на видот. Буквите стануваат се помали и помали и читате додека можете. Но, овој тест е поинаков. Ова е трик тест кој наместо видот, ви го проверува слухот. Ако не го слушате високо фреквентниот тон во позадина додека ја гледате оваа реклама, тогаш е време да закажете преглед на ушно.

Рекламата е дел од кампањата на канадскиот Union Hearing Aid Center, затоа што на луѓето не им е проблем да признаат дека имаат проблеми со видот, но тешко можат да се убедат да си го проверат слухот. Затоа центарот најде начин како да ги натера луѓето да си ги тестираат ушите – нека мислат дека им се тестираат очите.