Фото: Pixabay
Како да се направи содржина што едноставно ќе го освои интернетот, ќе биде читана, споделувана, коментирана и ќе мами сè повеќе и повеќе кликови, дознајте во продолжение.
Силни позитивни емоции
Поголемиот дел од содржината на интернет станува вирална затоа што со себе носи многу емоции. За еден пост, слика или видео да посакате да го споделите мора да биде на едно сосем друго ниво од сета останата содржина што се нуди. Позитивните емоции играат поголема улога од негативните, па токму затоа, бебиња, мачиња и сеќавања на нешто имаат големо влијание врз читателот.
Гнев поттикнат од неправда
Единствено гневот (лутината) може да помине добро од негативните емоции. Особено оној гнев поттикнат од неправда. Со тоа што ќе споделиме нешто што кај нас предизвикува лутина, истовремено споделуваме исти чувства со уште многу луѓе. Тие ќе се пронајдат во тој оправдан гнев и содржината полека ќе почне да се споделува.
Содржина што нè прикажува во добро светло
Содржината што ја постираме донекаде го открива нашиот карактер. Токму затоа внимаваме истата да нè направи што поинтересни, попаметни, позабавни, односно преку нашиот пост да изгледаме навистина кул. Пред нешто да споделиме, потсвесно се прашуваме “Дали ова што ќе го објавам ќе направи да изгледам добро, паметно?” Тоа е причината што многумина постираат мудри постови или цели статии, коишто често и самите не ги прочитале.
Стимулирање
Да понудите некому награда или некаков попуст за споделување на содржина е директен и ефикасен начин за постигнување на виралност. Според експертите има два типа на вирална содржина – првата е базирана на мотивација, а другата на емоција. Онаа во чија основа лежи мотивацијата за повеќето бизниси досега е најлесниот начин на ширење на информација.
Содржина што во минатото била вирална
Виралноста на содржина од минатото е најдобар индикатор дека и идниот пост со таква содржина ќе стане вирален. Тоа е само еден вид на потсетување на одредена работа што била интересна за многумина и што кога и да се сподели нема да остане незабележана.
Проверени ефективни наслови
Ако не поседувате софтвер што може да ви посочи ефективни наслови за одреден пост, можете сами да направите тест. Напишете 15-тина наслови за вашата содржина и пратете ги на блиски луѓе за да одберат топ пет. Потоа погледнете ги тие со најмногу гласови. Тоа ќе биде само еден мал почеток пред вашиот пост да стане славен.