Трилиони во игра – колку вредат најголемите економии во светот?

58

Кина беше најголемата економија во светот во 2019 година, со вредност на бруто домашниот производ од 22,5 трилиони (илјади милијарди) долари, покажуваат податоците на Светска банка.

За оваа година, проекциите покажуваат дека кинеската економија ќе скокне за 1,2%.

САД се вицешампиони со проценет БДП од 20,5 трилиони долари, а планирано е оваа година да се намали за 5,9%. Првата петорка ја заокружуваат Индија со 9,3 трилиони долари и Јапонија со 5,2 трилиони долари.

Меѓу најголемите економии од стариот континент, највисоко место има Германија со БДП од 4,47 трилиони долари во 2019 година, додека проценките за оваа година предвидуваат пад од 7%.

Фото: Freepik