Трите проблеми што го саботираат вашиот тим

32

sabotaza

Фото: Pixabay

Чести расправии, тешко донесување на одлуки, недостаток од креативност, лоша комуникација… просто невозможно е да не се соочите со некој од овие проблеми кога сте дел од еден тим.

Без разлика дали сте тим лидер или само член посакувате што полесно и поефикасно да функционирате како една целина.

Еве неколку решенија за трите најчести проблеми во тимот.

Недостаток на мотивација и интерес

Недостатокот на комуникација и интерперсонални вештини придонесува за ниска мотивација. Овој проблем најчесто се јавува ако не е поставен конкретен предизвик и не постои никаква очигледна награда.

Можни решенија:

  • Воспоставете или подобрете го системот на наградување на тимот како целина
  • Давајте позитивен фидбек и поддршка
  • Дајте им повеќе одговорности на членовите на тимот
  • Покажете дека нивната работа влијае на цела компанија

Тешко/слабо решавање на (конструктивни) конфликти

Тука најчесто лидерот не покажува доволно моќ и авторитет, па секој се води од личниот интерес.

Можни решенија:

  • Поттикнете ги членовите на тимот да ги решат меѓусебните проблеми за истите да не влијаат на работата
  • Покажете им дека ако не соработуваат нема да останат во тимот
  • Преиспитајте ја својата методологија на управување
  • Помогнете му на тимот да биде отворен за фидбек и конструктивни расправии

Ниско ниво на продуктивност

Најчеста причина за овој проблем е недостаток на комуникација и нејасно поставени цели.

Можни решенија:

  • Давајте му на тимот соодветен фидбек за секој постигнат резултат
  • Потсетувајте го тимот за нивната цел и одговорностите
  • Јасно кажувајте ги своите очекувања од тимот
  • Пружете соодветни тренинзи и обуки за секој член.