Тркалезна маса на тема Регионална соработка и заеднички настап на градежниот сектор на трети пазари

21

Здружението на градежништво, индустријата на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија во соработка со здруженијата од стопанските комори на Србија, Република Српска, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Црна Гора, организираат тркалезна маса.

Заедничката средба е на тема Регионална соработка и заеднички настап на градежниот сектор на трети пазари.

Се очекува и потпишување на Спогодба за соработка од страна на преставници на коморите.