Тројно зголемување на потрошувачката за заштита на природата до 2030 година

17

Глобалната годишна потрошувачка за заштита и обнова на природата треба тројно да се зголеми оваа деценија, на околу 350 милијарди долари до 2030 година, порачуваат од Обединетите Нации.

Оттаму наведуваат дека глобалните издатоци за таа намена треба дополнително да се зголемат на 536 милијарди долари годишно до 2050 година и повикуваат на промена на начинот на размислување меѓу финансиерите, претприемачите и владите, пренесува Ројтерс.

Годишните инвестиции во природа, не сметајќи ги парите што се ветени, а уште не се испорачани, изнесуваа 133 милијарди долари во 2020 година и се прецизира дека 86% од тој износ се однесува на инвестиции во јавни фондови, а остатокот отпаѓа на приватни инвестиции.

Државната потрошувачка се однесува на заштита на биодиверзитетот, обнова на шумите, регенерирање на земјоделието и зачувување на водите.

Во заклучокот на ОН се повикуваат владите да ги вклучат мерките за заштита на биолошката разноликост и клима во своите пакети за поддршка.

Фото: Pexels