Тропски бункери – бегство од пандемијата за оние кои работат од дома

25

Додека се чека масовна имунизација против коронавирусот, богати Европејци ги напуштаат домовите оваа зима и заминуваат на егзотични и топли дестинации.

Работата од далечина и понатаму доминира, со цел да се спречи поголемо ширење на заразата, а тоа значи дека сите оние кои имаат можност, се “селат“ на поудобни места каде има интернет врска.

Омилени дестинации за бегство од ниските температури, пандемијата и целата криза што ја поттикна, се Дубаи, Малдиви и Шпанија. Основачот на Cartology Travel за Bloomberg вели дека Американците имаат поголеми можности за таканаречени тропски бункери. Хаваи ги намали ограничувањата поврзани со патувања, а границите се отворени во Мексико, Костарика, Белизе и делови на Карибите.

Луѓето изморени од карантинот, сфаќаат дека животот можат да го продолжат на други места каде што има помалку стрес.

Според експертите за недвижнини, луѓе од источниот брег на САД сè повеќе време поминуваат во луксузни хотели и одморалишта на Флорида или Јужна Каролина. Оние пак од западното крајбрежје на САД “бегаат“ во Аризона и Мексико. Најважно им е да има стабилен wi fi и добар поглед.

Најчесто резервираат двомесечен престој во некој луксузен хотел, што чини околу 140.000 долари.

Фото: Pexels