Трошат 250 милиони евра годишно на кафе, сокови, грицки… од автомати

97

Романците годишно трошат 250 милиони евра на кафе, сокови, топли напитоци и грицки од автомати, покажуваат податоците од едно истражување.

“Во Романија во овој момент има 120.000 автомати. Во големите градови во 70% од случаите, производите на автоматите се плаќаат во готово, а помалите места имаат удел од 85%“, вели Адријан Дину, основач на софтверската компанија Creasoft IT.

Просечната сметка за кафе и топол напиток на автомат е околу 40 центи, а за грицки и други производи околу 1,4 евра.

Кафе, чај, топла чоколада, грицки, сендвичи и безалкохолни пијалаци се меѓу најпродаваните производи од автомати во Романија, а од неодамна преку автомат се достапни и играчки и автоматски авто перални.

Фото: Pexels