Трошоци во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во последното тримесечје

42

crta-plan-za-kuka-pexels

Фото: Pexels

Во четвртото тримесечје од 2016 година, во споредба со третото тримесечје од 2016 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,6%, трошоците за материјали се пониски за 1,6%, а трошоците за вработените се повисоки за 1,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2016 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 3,3%, трошоците за материјали се пониски за 6,6%, а трошоците за вработените се повисоки за 4,9%.

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или следење на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во пресметките при склучувањето на градежните договори.