Трошоците на живот во декември пониски за 0,1%

14

Трошоците на живот во декември 2015 година, во однос на претходниот месец се намалени за 0,1%, додека цените на мало бележат зголемување од 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во 2015 година, во однос на 2014 година, трошоците на животот бележат намалување од 0,3%, а цените на мало се намалени за 1,3%.

Движењето на трошоците на животот во 2015 година беше различно по одделни групи на потрошувачка.

Намалување е забележано во групите Транспорт за 9% и Комуникации за 4,9%. Пораст е забележан во групите: Алкохолни пијалаци, тутун за 5,4%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 2%, Здравје за 1,5%, Ресторани и хотели за 1,2%, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1,1%, Рекреација и култура за 0,8%, Облека и обувки за 0,4%, Храна и безалкохолни пијалаци и Образование за 0,1%. Групата Останати стоки и услуги е на ниво од претходната година.

Движењето на цените на мало во 2015 година, исто така, беше различно по одделни групи на производи.

Намалување е забележано во групите: Индустриско – непрехранбени производи за 3,4% и Услуги за 0,7%. Пораст на е забележан во групите: Земјоделски производи за 3,3% и Пијалаци за 0,6%. Групата Индустриско -прехранбени производи е на ниво од претходната година.

Трошоците на животот во декември 2015 година, вo споредба со декември 2014 година, забележаа намалување од 0,3%, а цените на мало забележа намалување од 0,4%.

Трошоците на животот во декември 2015 година, во однос на претходниот месец, забележа намалување од 0,1%.