Трошоците за домување сочинуваат 25 отсто од расходите на домаќинствата во ЕУ

35

Во 2021 година, трошоците за „Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива“ претставуваа четвртина (25,0 отсто) од расходите на домаќинствата на ЕУ, што е намалување за 0,5 процентни поени (п.п.) во споредба со 2020 година, соопшти Евростат.

Трошоците за „Храна и безалкохолни пијалоци“ во истиот период беа помали за 0,5 процентни поени кај категориите расходи на домаќинствата, што претставуваше 14,3 отсто од вкупните расходи во 2021 година.

Минатата година, „Транспорт“ се рангираше на третото место во категориите расходи на домаќинствата, што претставува 12,1 отсто од вкупните расходи, што е зголемување за 0,5 процентни поени.

Истата тенденција беше забележана во категориите „Рекреација и култура“, „Ресторани и хотели“, „Здравје“ и „Облека и обувки“; нивното вкупно учество во расходите се зголеми на 8,0 отсто, 6,6 отсто, 4,7 отсто и 4,2 отсто во 2021 година (наспроти 7,8 отсто, 6,0 отсто, 4,6 отсто и 4,1 отсто соодветно во 2020 година).

Уделите на „Покуќнина и опрема за домаќинство“ како и на трошоците за „Образование“ се стабилни и претставуваа 6,0 отсто и 0,9 отсто од вкупните расходи, исто како и во 2020 година.

Уделите на вкупните расходи на „Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици“ и „Разни стоки и услуги“ се намалија за 0,2 процентни поени за двете категории, додека за „Комуникации“ за 0,1 процентен поен.