Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во ноември 2013 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99,8, а индексот на трошоците на животот 99,9.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,1% во ноември 2013 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на овошјето за 7,8%, мастите за 1,6%, јајцата за 1,5% и рибата за 1,3%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 11,0%, услугите за сместување за 1,9%, нафтените деривати за 1,3%, средствата за образование за 0,9%, конфекцијата за домаќинствата и пијалаците во рестораните и хотелите за 0,4%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во ноември 2013 година, во споредба со претходниот месец е забележан кај зеленчукот за 1,7%, преработките од млеко за 0,8%, преработките од месо и алкохолните пијалаци за 0,4%, преработките од зеленчук, сушеното овошје и свежото и киселото млеко за 0,3%.
Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај електричните апарати за домаќинствата за 1,0%, средствата за хигиена за 0,8% и течните горива и гасот за домаќинствата за 0,2%.
Индексот на цените на мало во ноември 2013 година, во споредба со ноември 2012 година, бележи пораст од 0,4%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 1,1%.