Царина и Јавното обвинителство ја интензивираат соработката

41

На покана на директорот Горан Сугарески, денеска Царинската управа ја посети Јавниот обвинител Љубомир Јовески. На средбата се дискутираше за продлабочување на заедничките напори за истрага и кривично гонење, јакнење на капацитетите и координација на надлежните органи.

Акцентот беше ставен на интензивирање на соработка помеѓу Јавното обвинителтство и Царинската управа преку воспоставување на заедничка линија за борба против корупцијата и со взаемна решеност за подобрување на ефикасноста на системот во борбата против криминалот.

Директорот Сугарески истакна дека Царинската управа, како орган во составот на Министерството за финансии, покрај фискалниот елемент  на собирање на даноци, неспорно има важна улога и на полето на безбедноста и зачувување на здравјето и животот на граѓаните и заштита на животната средина.

Царинската управа на Република Северна Македонија и во иднина останува во работна координација со надлежните државни институции за сузбивање на криминалот, корупцијата и нелегалните дејствија.