Царинската управа ги зајакнува институционалните и оперативни капацитети преку ЕУ проект

20

77

Во просториите на ЕУ Инфо центарот, официјално беше одбележан почетокот на Твининг проектот Зајакнување на институционалните и оперативни капацитети на Царинската управа.

Царинската управа на Република Македонија е корисник на овој Твининг проект, а негов имплементатор е Царинската управа при Федералното министерство за финансии на Австрија преку Агенцијата за европски интеграции и економски развој на Австрија во партнерство со Царинската управа при Министерството за Финансии на Литванија.

Твининг проектот, што е финансиран од страна на Европската унија, со вкупен буџет од 1.600.000 евра, ќе се спроведува во времетраење од 21 месец, истиот е од големо значење како за Царинската управа така и за Република Македонија од причина што ќе се овозможи дополнително зајакнување не само на административните капацитети на Царината, туку и на нејзиниот оперативен капацитет, кој ќе придонесе за поефикасно спроведување на законодавството на ЕУ и приближување на земјата до пазарот на ЕУ и Царинската унија.

Во рамките на Твининг  проектот предвидени се следниве компоненти:

Компонента 1: Царински контрола по царинењето и ревизија

Компонента 2: Управување со ризик

Компонента 3: Лабораторија и

Компонента 4: Обука

За време на официјалното одбележување на почетокот на проектот обраќања имаа Ѓоко Танасоски, директор на Царинската Управа, кој истакна дека Царинската управа како краен корисник на ЕУ фондовите успешно ја реализира својата основна мисија – целосно и ефикасно да им служи на Владата и граѓаните, во насока на заштита на државните, финансиските интереси, здравјето и животот на луѓето, одржување и подобрување на конкурентна економска средина и реализација на целите кои би овозможиле поскоро започнување на претпристапните преговори за членство во ЕУ.