Царинската управа организира обуки за интелектуална сопственост

3

carinska-uprava

Царинската управа на Република Македонија денеска ја организира втората од двете обуки од областа на интелектуалната сопственост. Обуката е на тема Следење на интернет, а има цел да ги прошири знаењата на вработените за постапките на контрола на примена на законите во интернет трговијата, јавува Миа.

Првата обука беше организирана на тема Соработка и мрежно поврзување за ефикасна борба во врска со правата на интелектуална сопственост и слични кривични дела. На обуката беа разменети искуства помеѓу институциите за спроведување на законот, нивни задачи и надлежности во однос на темата, а обезбедена е и основа за оперативна соработка и заеднички пристап кон проблемот на институциите.

Двете обуки се организираат во рамки на твининг проектот на ЕУ за зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост. Покрај од Царинската управа, на обуките учествуваат претставници од Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови, Државниот пазарен инспекторат, Државниот завод за индустриска сопственост и Координативното тело за интелектуална сопственост.