Цедевита ќе тестира вендинг апарати

73

cedevita

Хрватската компанија Атлантик група, којашто е во мнозинска сопственост на Емил Тедески, планира до крајот на годината да постави неколку самоуслужни апарати за Цедевита во Загреб, Љубљана, Виена и Салцбург, пишува Т – портал.

Поставувањето на вендинг апарати ќе биде тест фаза на овој проект и доколку покаже добри резултати, Тедески ќе инвестира значителни средства во него.

“Станува збор за нов концепт којшто претставува иновација не само на регионално, туку и на светско ниво“, велат од Атлантик група.

Cedevita vitamin point, како што ќе се нарекуваат апаратите, ќе комуницираат со потрошувачите преку нивните паметни телефони или таблети. Платформата е мобилна апликација прилагодена на оперативните системи Android и iOS.

“Апликацијата на нашите корисници ќе им овозможат нарачка, плаќање и подарување на Цедевита преку мобилен телефон или таблет. Освен преку мобилен уред, Цедевита ќе може да се нарача и преку интерактивниот екран на самиот апарат. Плаќањето може да се врши преку СМС, Pay Pal и со метални парички“, велат од Атлантик група.