ЦЕЕД Македонија меѓу десетте македонски компании кои се натпреваруваат за Европските бизнис награди 

23

IMG_2845

Центарот за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД Македонија, заедно со компаниите Codewell, Comfy-Angel, Diners Club Македонија, Дуна компјутери, iVote, Макстил, Порше Македонија, Прилепска пиварница и ПЗУ Ре-Медика се прогласени за национални шампиони и претставници на Македонија на Европските бизнис награди.

Националните шампиони од Македонија за Европските бизнис награди се избрани во неколку категории: претприемништво, работодавач на годината, грижа за потрошувачите, корпоративна одржливост, увоз/извоз, иновации, стратегија за раст и бизнис на годината.

ЦЕЕД Македонија, национален шампион во категоријата Претприемач на годината, игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни преку вмрежување на учесниците со ментори и претпримачи кои можат да им помогнат во бизнисот, а воедно на претприемачите им обезбедува know-how бизнис решенија преку своите програми, но и пристап до финансии и до нови пазари.

jovan ebaЕвропските бизнис награди коишто се спроведуваат по осми пат, оваа година вклучуваат учество на над 24.000 бизниси од 33 европски земји, од кои 709 компании од цела Европа беа прогласени за Национални шампиони, со што влегоа во втората фаза на овој натпревар. Македонските компании – шампиони, во следната фаза треба да испратат видеа во кои ја претставуваат својата компанија, кои потоа ќе бидат поставени на интернет страната на Европските бизнис награди. Јавното гласање почнува на 6 јануари 2015, а онаа компанија која ќе добие најголем број гласови ќе биде прогласена за национален шампион на јавноста.

Панел на судии формирани од европски бизнис лидери, академици и претприемачи ќе ги гледаат видеата за националните шампиони и најдобрите во групата ќе ги наградат со Ruban d’Honneur статус. Сите добитници на Ruban d’Honneur ќе се натпреваруваат во големото финале во 2015 година.

Поддржани од главниот спонзор и промотор RSM International, што претставува седма по големина во светот компанија со развиена мрежа на компании за ревизија, даноци и консалтинг, со големо присуство во Европа, Европските бизнис награди имаат за цел да ги препознаат и наградат квалитетот, најдобрата практика и иновациите во бизнис заедницата во Европа.