ЦЕЕД Македонија ги поканува сите заинтересирани претприемачи, менаџери, како и секој оној кој би сакал да се запознае со придобивките на бизнис ангелите да бидат дел од настанот што ќе се случува на 13.02.2019 во просториите на ЦЕЕД Хаб Скопје.
За време на предавањето, од страна на регионалниот директор на ЦЕЕД Јован Маџовски, присутните ќе имат можност да слушнат што значи да се биде бизнис ангел и како можат бизнис ангелите да им помогнат на стартапите и бизнисите.
Исто така ќе биде презентиран и ЦЕЕД клубот на бизнис ангели, CEED Business Angels Club (CEED BA Club) којшто е формиран, во ноември 2013 година и е меѓу првите клубови од ваков вид во Македонија.Од јануари 2016 година, клубот е официјално член на Еврoпската Мрежа на Бизнис Ангели – EBAN (European Business Angel Network).
Во клубот на бизнис ангели во моментов има 20 претприемачи кои можат да инвестираат во бизнис идеи или постоечки бизниси, доколку забележат потенцијал за раст. Првите идеи пред членовите беа презентирани на втори април 2014 година. Во декември истата година е направена првата инвестиција, втората во мај 2015 година, третата во јуни 2016, а четвртата во јули минатата година. Досега се претставени 135 бизнис идеи, а инвестирани 250.000 евра.
Бизнис ангелите не се само луѓе кои финансираат добри идеи, тоа се индивидуалци со отворен ум, добра мисла и волја да се даде нешто многу повеќе од пари – мотивација за успех.
Сите заинтересирани за ЦЕЕД клубот на бизнис ангели можат да аплицираат на следниов линк.