ЦЕФТА недела во Скопје

42

Во Скопје денеска ќе биде отворена ЦЕФТА Недела 2014 која ќе биде фокусирана на клучните приоритети на претседателството на Република Македонија.

За време на Неделата на ЦЕФТА ќе бидат организирани работни сесии и дискусии на кои ќе се разменат искуства од примената на ЦЕФТА договорот со цел да се подобри севкупната економска соработка во регионот.

На отворањето ќе се обратат министерот за економија Беким Незири, раководителот на Одделот за оперативни работи во Делегацијата на ЕУ, Јаромир Левичек и заменик шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Македонија, Бартон Путни.

Настанот е вовед во годинашната седница на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА што ќе се одржи на 21 овој месец, а на која ќе бидат финализирани активностите од претседателството на Македонија со ЦЕФТА во 2014 година.