Цел рударски град во Шведска ќе се помести за три километри

178

kiruna selenje

Жителите на шведскиот град Кируна веќе 12 години се соочуваат со голем предизвик – како да го преселат целиот град, пишува City Lab.

Градот лежи на еден од најголемите рудници за железо во светот, па поради зголемената побарувачка на оваа руда, државната компанијата LKAB правела длабоки ископи.

Овој шведски град постои поради рудникот, а доказ за тоа се и жителите кои се веќе навикнати на експлозиите што се случуваат скоро секоја ноќ. Државната компанија LKAB, поради зголемениот обем на работа, отвори голем број работни места. Но, во исто време, при секој ископ се случува затегнување на почвата и деформација на земјиштето.

kiruna 1

Бидејќи затворањето на рудникот не е опција, единствено решение би било преселување на градот. Градските власти направија радикален план за преселување на целиот град за три километри. Трошоците за овој амбициозен план би се броеле во неколку милијарди долари.

Планот предвидува рушење на стариот град и на негово место да се постави национален парк, а новиот град ќе биде во духот на архитектурата во Шведска.

Ова селење на градот планирано е да трае од 20 до 30 години.