Целиот коронавирус што кружи во светот го собира во една лименка Coca – Cola

199

Целиот коронавирус што во овој момент кружи низ целиот свет лесно би го собрало во една лименка од Coca – Cola, пресметал британски математичар и покажа колку проблеми може да предизвика нешто што е толку минијатурно.

Комбинирајќи ги светските податоци за бројот на новозаразени и проценетата количина на вирус по личност, математичарот Кит Јетс заклучи дека во светот има околу две милијарди милијарди честички.

Пресметувајќи ја големината на коронавирусот, просечно околу 100 нанометри, Јетс потоа го пресмета вкупниот волумен на вирусот. Дури и и кога ќе се пресметаат протеините на вирусот и просторот околу нив, вкупниот волумен и понатаму е помал од лименка Coca – Cola од три децилитри.

Досега од коронавирусот починаа 2,34 милиони луѓе, а кај 107 милиони е потврдена заразата.

Фото: Facebook