Целосно новиот Fiat 500XL ќе ги замени 500X и 500L

30

Fiat е подготвен да ги спои моделите 500X и 500L за следната генерација кои би требало да ги користат истите основи како новиот целосно електричен Fiat 500.

SUV и MPV верзиите на актуелниот Fiat 500 се наоѓаат на пазарот од 2014, односно 2012 година. 500X претставува силен претставник на Fiat на пазарот, движејќи се меѓу 75.000 и 105.000 продадени единици ширум Европа во изминатите пет години. Од друга страна, и покрај тоа што 500L достигна продажба од 95.000 единици, бројките на овој модел опаднаа минатата година. Причина е тоа што купувачите се повеќе се насочуваат кон SUV сегментот на сметка на MPV. Овој модел се уште се продава во Италија како 500L Wagon, но автомобилот не е присутен на клучните пазари во Европа како Велика Британија, Франција или Германија.

Во нормалниот животен век на автомобилите, 500L е подготвен за замена. Од друга страна, новиот 500X би требало да пристигне во 2021 година. Сепак, шефот на Fiat, Оливие Франсоа открива дека кога новата генерација ќе дојде на ред, веројатно ќе претставува единствен 500XL модел, наместо два автомобили.

“500L претставува добар автомобил на кој може да се додадат батерии. Фамилијарниот транспорт е добар кандидат за електрификација исто така. Причината е тоа што вклучува и многу градско возење, доста запирање и движење, до училиште, до работа. Но, истовремено, не претставува SUV, туку е MPV. Овој вид на автомобил не е во мода во последните години“, вели Франсоа и додава:

“Мораме да размислуваме за следната генерација со истиот пристап кој го имаат и купувачите. Тоа има смисла кај целосно електричната верзија, со шасија која очигледно е порелевантна и попривлечна. Размислуваме за еден спој на 500X и 500L кој мислам дека ќе се случи на крајот од денот. Сепак, тоа не е за блиска иднина, а кога велам блиска, тоа значи дека сигурно нема да се случи до крајот на годинава“.

Според некои претпоставки, новиот Fiat 500XL би бил спој на 500X и 500L. Моделот сигурно ќе задржи повеќе премиси на попопуларниот 500X, на сметка на дизајнот на MPV моделот. Се очекува да го содржи дизајнот на предницата по угледот на најновиот Fiat 500, но со продолжено меѓуосовинско растојание. Тоа ќе придонесе за поголем простор и ќе овозможи за инкорпорирање на поголеми батерии. Секако, со цел автомобилот да добие поголема автономија. Во внатрешноста, овој модел би можел да биде втората генерација кој ќе го добие инфозабавниот и конекцискиот систем кој беше претставен кај целосно електричниот Fiat 500.

Сепак, отстранувањето на поголемиот, попрактичниот 500L би можел да создаде проблем за Fiat. Сепак, италијанскиот производител се надева дека забрзано ќе ја прошири понудата. Пред се, вклучувајќи и директен ривал Nissan Qashqai во својата понуда. Овој модел би можел да ги покрие потребите на повеќето купувачи на постојниот 500L. Пред да пристигне новиот модел, треба да се очекува 500X и 500L да добијат благи хибридни системи, кои веќе се појавија кај актуелниот 500 и Panda.

Преземено од Avtoplus.mk