Цементарница Усје лани заврши во плус од 1,2 милијарди денари

28

usje

Цементарница Усје минатата година ја заокружи со добивка од 1.263.538.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2014 година, компанијата прикажа добивка од 1.461.610.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2015 година достигнаа 3.988.458.000 денари. Од нив 2.860.640.000 денари се реализирани на домашен пазар, додека 1.127.818.000 денари се остварени на пазарите во странство.