Цементарница Усје минатата година ја заврши со добивка од 1,2 милијарди денари

73

Цементарница Усје, од први јануари до 31-ви декември лани, евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 1.284.676.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на компанијата беше 1.058.394.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември 2019-та година, изнесуваат 4.792.552.000 денари. Од нив, 3.147.319.000 денари се остварени на домашен пазар, а остатокот од 1.645.233.000 денари е остварен на пазари во странство.

Фото: Pexels