Цементарница Усје со добивка од 865,8 милиони денари во периодот јануари – септември

21

usje

Во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, цементарница Усје оствари вкупна сеопфатна добивка од 865.858.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од 2016 година, компанијата евидентираше добивка од 960.013.000 денари.

Вкупните приходи во периодот јануари – септември оваа година изнесуваа 3.316.972.000 денари. Од тој износ на домашниот пазар продажбата достигна 2.150.485.000 денари, додека реализацијата на странски пазар беше 1.166.487.000 денари.

Цементарница Усје е производител на цемент и други градежни материјали.