Цементарница Усје за шест месеци прокнижи добивка од 498,5 милиони денари

10

cementarnica-usje

Цементарница Усје, во периодот јануари – јуни оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 498.526.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 574.088.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со јуни оваа година, беа на ниво од 2.070.523.000 денари. На домашен пазар, од тој износ, отпаѓаат 1.340.867.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата достигна ниво од 729.656.000 денари.

Цементарница Усје е производител на цемент и други градежни материјали.