Цементарница УСЈЕ ќе подели дивиденда на акционерите

9

Цементарница УСЈЕ АД Скопје закажа Годишно собрание на акционерите кое ќе се одржи на ден 23.05.2024 година (четврток) со почеток во 10:00 часот во деловните простории на друштвото.

Според предлог-одлуката, вкупната добивка за финансиската 2023 година во износ од 1.509.491.955,00 денари ќе се рапсределат за:

Дивиденда на акционерите во износ oд 1.098.327.991,00 денари и
Реинвестирана добивка во износ од 411.163.964,00 денари.
Исто така, реинвестираната добивка од 2017 година која изнесува 263.210.364,00 денари може да се распредели во 2024 година.

Вкупниот износ за распределба на дивиденда на акционерите ќе изнесува 1.361.538.355,00 денари или 2.415,00 денари за една акција.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2023 година е 10.06.2024 година.

Исплатата на дивиденда ќе се изврши најдоцна до 30.09.2024 година.