Цената на бакарот на рекордно ниво

55

Европските акции достигнаа едногодишен максимум бидејќи акциите на рударските компании го следеа скокот на цената на бакарот.

Според последните податоци од Лондонската берза на метали, бакарот се тргуваше по цена од 8.270,50 долари по тон во однос на декемвриското ниво од 8.024 долари.

Монетарната и фискалната поддршка помогнаа референтниот индекс Stock 600 да закрепне за околу 55% откако во март минатата година падна на најниско ниво во последните седум години, но и понатаму доцни зад американскиот индекс Ѕ&Р 500 поради продолжениот карантин во Европа.

Фото: Freepik