Цената на биткоинот може да достигне 5 милиони долари

83

Пред неколку дена се одржа конференција на која над 50 експерти за криптовалути презентираа повеќе од интересни проценки за растот на вредноста на најпознатата криптовалута во светот.

Биткоинот растеше астрономски во текот на целиот октомври, најмногу поради очекувањата на инвеститорите поврзани со првите фјучерси на американската берза и поради стравот од инфлаторни трендови.

Цената на биткоинот само во последниот месец порасна за околу 40 отсто, а на почетокот на изминатата недела постави нов рекорд од 67.000 долари, што е за 2.000 долари повеќе од април, пишува Форбс.

Според шпекулациите на експертите на панел дискусијата, организирана од сајтот Фајндер, вредноста на „дигиталното злато“ ќе продолжи да расте. Нивното мислење е дека до крајот на 2021 година цената на еден биткоин ќе биде околу 80.000 долари, до крајот на 2025 година неговата цена ќе биде околу 250.000 долари, а до 2030 година, што звучи сосема неверојатно, тие очекуваат цената да скокне до 5 милиони долари.

„Бидејќи биткоинот продолжува да расте во вредноста, употребливоста и довербата, тој сè повеќе ќе делува како чувар на вредности слични на злато“, рече Даниел Полоцки, основач на компанијата за крипто банкомати Коинфлип, кој верува дека биткоинот до крајот од оваа година ќе вреди околу 80.000 долари.

„Биткоинот во еден момент ќе го тргне златото од тронот, како најдобар чувар на вредноста, се надевам дека ќе биде до крајот на оваа деценија„  додава Полоцки.

Однесувањето на учесниците на пазарот е различно оваа година, рече Гунар Јаерв, директор на Фрст Дигитал Траст, кој предвидува дека биткоинот до крајот на годината ќе вреди околу 70.000 долари. Тој додаде дека интересот за големите финансиски системи, иновациите и инфраструктурата, кои се клучни делови од сложувалката, полека се остварува.

Од друга страна, не се сите толку оптимисти. Предавач на Универзитетот во Канбера, Џон Хокинс, посочува дека е време да се продаде биткоинот, дека тоа е шпекулативен балон што ќе пукне во одреден момент.