Цената на биткоинот падна на најниско ниво во последниов месец

103

биткоинЦената на биткоинот падна на најниско ниво во последниов месец, според водечките берзи за криптовалути. Како главна причина за девалвацијата, експертите ја посочуваат неподготвеноста на инвеститорите да преземаат ризици во позадината на знаците на намален интерес за криптовалутите.

Цената на најголемата криптовалута падна за 4,2 отсто на 38.580 долари во понеделникот. Втората по големина криптовалута, етер, падна за 4,7% на 2.902 долари.

Вредноста на целиот глобален крипто-пазар падна за околу 4% во последните 24 часа на 1,9 трилиони долари, според цените на CoinGecko.

„Продолжуваме да веруваме дека биткоинот ќе достигне ниво од 30.000 долари“, рече Џон Роке, технички аналитичар во 22V Research.

Оваа година, биткоинот главно се тргува во опсег од 35.000 до 45.000 долари, бидејќи Федералните резерви на САД почнаа да ги зголемуваат каматните стапки во услови на постојано висока инфлација.

Анализата на провајдерот на податоци Glassnode покажува дека интересот за биткоинот остана „пригушен“, со мал раст на корисничката база на криптовалутата и минимални нови текови на побарувачка.