Цената на биткоинот се зголеми за повеќе од 10 отсто

50

Цената на биткоинот се зголеми за повеќе од 10 отсто до 30.000 долари денеска.

Вредноста на биткоинот, најважната криптовалута, почна да расте откако во четвртокот беше помалку од 27.000 долари поради паничната продажба на инвеститорите.

Претходната најниска вредност беше забележана на 28 декември 2020 година, кога изнесуваше 26.144 долари.

Најпопуларната криптовалута во светот изгуби 55 отсто од својата вредност за само шест месеци, откако го достигна својот историски максимум од 69.000 долари во ноември.