Цената на гасот падна за 18 отсто

31

Цената на гасот на најголемата европска берза ТТФ  падна за 18,2 отсто по веста дека најверојатно нема да има штрајк на работниците во погоните за производство на течен природен гас (ЛНГ) во Австралија.

Според податоците на лондонската берза ICE, европските гасни фјучерси се продаваа  на отворањето на берзата во 08:08 часот по цена од 30.921 евро за мегават-час, додека вчера на затворањето на берзата беа продаден за 37.827 евра за мегават-час.

Aвстралиската нафтена и гасна компанија Вудсајд енерџи груп прелиминарно одобрила повисоки плати и подобри работни услови за работниците кои се заканувале со штрајк.

Евентуален штрајк во Австралија би можел да ја намали светската понуда на ЛНГ за десет отсто, пишува порталот oilprice.com.

Пред два дена цената на гасот на берзата ТТФ поради неизвесноста околу штрајкот изнесуваше 44,8 евра за мегават-час.