Цената на гасот во Европа се стабилизира на околу 1.800 долари за илјада кубни метри

30

Во Европа цената на гасот денеска е околу 1.800 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

На отворањето на тргувањето рано утринава, цената на гасот падна под 1.600 долари за илјада кубни метри, а потоа тргна по нагорна линија, достигнувајќи го нивото од 1.792 долари за 1.000 кубни метри, или 157 евра за MWh, пренесува Тас с.

Од почетокот на денешното тргување цената е зголемена за 0,7 отсто.